Официјално: Ристо Пенов е избран за министер за локална самоуправа

t

Собранието денеска со 63 гласа „за“ го избра Ристо Пенов за министер за локална самоуправа на 88. седница. Пенов доаѓа на министерската функција откако неговиот сопартиец и претходник Горан Милевски поднесе оставка од функцијата од лични причини.

Расправата за изборот на Пенов траеше три дена, а во тек на денешната дебата пратениците од ВМРО-ДПМНЕ нагласија дека заслугите на Пенов не се „толку големи“.

Пратеничката од ЛДП Моника Зајкова вели дека Ристо Пенов е еден од ретките политичари за кој сеќавањата во јавноста се позитивни и кој важи за политичар кој асоцира на стабилност и на искуство.

– Не е човек кој само приватизирал, туку човек што ги средил состојбите во градот Скопје. Пенов е татко на функционалноста на Скопје, новата автобуска станица, стазата на кејот, модернизација на скопскиот плоштад и ред други проекти за кои може да сведочат граѓаните, рече Зајкова.

(МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ