Објавено на:

Официјално, се укинува “Задруга”

t

Сопственикот на српската телевизија Пинк, Жељко Митровиќ, на „Твитер“ објави дека оценката на претседателот на  Србија, Александар Вучиќ, е поважна од интересот на „ТВ Пинк“ и од неговиот личен интерес, па затоа и донел одлука за укинување на реалното шоу „Задруга“.

Митровиќ најави дека во наредните десетина дена ќе го откаже реалното шоу „Задруга“.

Претходно, медиумите во Србија објавија дека Вучиќ изјавил оти во разговор со сопственикот на телевизијата Пинк го замолил да ја разгледа можноста за укинување на реалното шоу.

По масакрот во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, јавноста покрена петиција за укинување на реалните шоуа и одземање на лиценците за работа на телевизиите „Пинк“ и „Хепи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Официјално, се укинува “Задруга”

Сопственикот на српската телевизија Пинк, Жељко Митровиќ,…