Официјално: Судот во Охрид определи 30-дневен притвор за напаѓачите на Христијан Пендиков

t

Илија Спасески, кој го нападна секретарот на бугарскиот клуб “Цар Борис Трети”, Христијан Пендиков, останува во притвор од 30 дена, одлучи судот во Охрид на барање на обвинителството.

24-годишниот маж е обвинет за предизвикување на тешка телесна повреда. Од ударите Пендиков се здобил со повреди на пршлените, ребрата и вилицата. Тој има и тешки повреди на главата. Постапката се уште е во тек и за другите двајца кои биле присутни на инцидентот. Делегацијата на ЕК во Скопје и побара надлежните да го истражат случајот.

Илија Спасески, кој му зададе низа брутални удари во грбот на Пендиков, е професионален натпреварувач во џиу џицу. Член е на карате клубот „Кун-су-то“ од Охрид. Спасески учествуваше на професионални натпревари и од нив освои бројни награди.

Пендиков, кој е секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, со авион на бугарската влада „Фалкон“ бил пренесен на лекување во Воено-медицинската академија во Софија. Тој е на интензивна нега на Медицинската академија во Софија и ќе биде опериран во понеделник.

Министрите за надворешни работи на Бугарија и на Република Македонија денеска ќе го посетат Христијан Пендиков на Воено медицинската академија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Продолжен притворот за ќерката која со чекан…

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд…

Македонија отсега ќе има 20 министерства, непознато…

Maкедонија отсега ќе има 20, наместо 16…

Таткото на Вања останува во притвор!

Александар Ѓорчевски– таткото на 14-годишната Вањa која…

Продолжен притворот за осомничените за убиството на…

Продолжен притвор од 30 дена добија петмината…

Пресуда: Осуден полицаецот кој лажел за Јане…

Исказите на полицискиот службеник дека Јане Ченто,…