ОФИЦИЈАЛНО: Mециновиќ и Ѓорѓиевски во борба за Скопје – Втор круг ќе има во 33 општини!
На 99,94% од обработените податоци согласно Државната изборна комисија јасно е дека во Град Скопје официјално во втор круг одат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски и кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ.


Во Аеродром во втор круг одат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Во Брвеница во втор круг одат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН.

Во Валандово во втор круг одат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Во Виница во втор круг одат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Во Дебарца во втор круг одат кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и независен кандидат.

Во Демир Капија во втор круг одат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Во Дојран во втор круг одат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Втор круг ќе има и во Зрновци.

Во Карпош во втор круг одат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски и актуелниот градоначалник и кандидат за градоначалник, Стевчо Јакимовски.

Во Кичево во втор круг одат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Во Конче во втор круг одат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Во Кочани во втор круг одат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и независниот кандидат Венко Крстевски.

Втор круг ќе има и во Македонска Каменица.

Во Македонски Брод во втор круг одат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и независен кандидат, исто и во Могила.


Во Неготино во втор круг одат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Во Пробиштип во втор круг одат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Во Ранковце во втор круг одат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Во Старо Нагоричане веројатно ќе има втор круг меѓу кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Во Чешиново Облешево во втор круг одат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Во втор круг во Боговиње одат кандидатите на ВЛЕН и ДУИ.

Во Дебар во втор круг одат кандидатите на ВЛЕН и независен кандидат.

Во Долнени во втор круг одат кандидатите на ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ.

Во Тетово во втор круг одат кандидатите на ВЛЕН и ДУИ.

Во Крушево во втор круг ќе одат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

Во Лозово во втор круг ќе одат кандидатите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Во Росоман во втор круг одат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Во Центар во втор круг одат кандидатите на СДСМ и ЗНАМ.

Во Чучер Сандево во втор круг одат кандидатите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Во Струга во втор круг одат независниот кандидат поддржан од ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот на ДУИ.

Во Шуто Оризари во втор круг одат кандидатите на Унија за Роми и ВМРО-ДПМНЕ.

Во Куманово во втор круг одат кандидатот на ЗНАМ и независен кандидат.

Во Студеничани во втор круг одат независен кандидат и ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОФИЦИЈАЛНО: Mециновиќ и Ѓорѓиевски во борба за…
На 99,94% од обработените податоци согласно Државната…
Апасиев: Левица станува лидер на опозицијата во…
Левица станува лидер на опозицијата во Македонија,…
Филипче: Не планирам да поднесам оставка, има…
Резултатот не е посакуван, но не е…
МВР презема мерки за мирен, фер и…
Министерството за внатрешни работи за време на…
Мециновиќ: Време е политичките чинители да покажат…
Сите ние во Скопје се сложуваме дека…