Охриѓанец отстранил службена лента и табла, продолжил со градба без документи

t

Педесет и едногодишен жител на охридското село Пештани се соочува со кривична пријава, откако по наложено запирање на градежни работи и поставена службена лента и знак, самоволно ги отстранил и продолжил со градбата без потребна документација.

-СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Л.(51) од охридското село Пештани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „симнување или оштетување на службен печат или знак“ по член 389 од Кривичниот законик.

Тој, во текот на 2024 година, на катастарска парцела во Пештани, изведувал градежни работи без да поседува соодветна документација, што било констатирано од извршен инспекциски надзор од овластен градежен инспектор при општина Охрид, кој на пријавениот му доставил решение за отстранување на градбата, на градилиштето поставил службена лента за затворање на градилиштето и службен знак со податоци за негово затварање.

При дополнително извршена контрола било констатирано дека пријавениот самоволно ги отстранил службената лента и табла и на почетокот на годинава, продолжил со градба, се наведува во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Охриѓанец отстранил службена лента и табла, продолжил…

Педесет и едногодишен жител на охридското село…

Мицкоски: Владата и владејачката коалиција ќе освојат…

Владата и владејачката коалиција ќе освојат над…

Возач од Куманово возел под дејство на…

На 10.08.2025 во 11:55 часот на регионалниот…

Нов план на Грета Тунберг: „Ќе ја…

Кон крајот на месецов, од неколку медитерански…

Рјабков: Русија никогаш нема да толерира уцени…

Русија никогаш нема да ги толерира методите…