Охриѓанец предизвикал пожар на глисер на неговиот брат
На 09.09.2025 во 03:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода З.С.(52) од Охрид. Тој се сомничи дека околу 02:33 часот во дворно место на ул.„Даме Груев“ во Охрид предизвикал пожар на глисер, кој се проширил и зафатил дел од зграда и патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, кои се сопственост на неговиот брат Ј.С.(45) од Охрид. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид.
З.С. бил задржан во полициска станица и во службен разговор го признал делото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Охриѓанец предизвикал пожар на глисер на неговиот…
На 09.09.2025 во 03:00 часот, полициски службеници…
Руската војска го осуети новиот украински план…
Поморската авијација пронашла и уништила украински глисер…
(Видео) Глисер со патници се запали кај…
Во близина на Сплит во текот на…