Оценката на обвинителниот акт за „Пулс“ ќе биде донесена до крајот на неделата, потврди Кривичниот суд
Кривичниот суд во Скопје соопшти дека до крајот на оваа недела ќе ја донесе оценката за обвинителниот акт во врска со трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија неколку лица, а јавноста со месеци бара одговорност.
„Судот во целост го разбира и почитува јавниот интерес за овој предмет, па токму поради тоа досега на неколку наврати ја информираше јавноста за текот на оцената и преземените чекори“, се наведува во официјалното соопштение.
Во постапката се опфатени 37 обвинети – правни и физички лица, застапувани од вкупно 33 адвокати и претставници. Откако обвинителниот акт бил доставен до судот, сите достапни ресурси биле ангажирани за негова навремена достава и за прием на приговорите од странките.
Сепак, постапката се одолговлекувала, бидејќи дел од адвокатите и застапниците биле недостапни, поради што доставата не можела да се реализира во предвидениот рок. Тоа директно влијаело и врз времето за поднесување на приговори.
Клучниот рок истекува на 3 октомври 2025 година, кога завршува периодот за поднесување на приговори по обвинителниот акт. Со тоа, според судот, се исполнуваат сите услови за негова конечна оцена.
„Актот ќе биде оценет до крајот на неделата, а јавноста и странките ќе бидат навремено информирани“, информираат од судот.
Од таму додаваат дека прават максимални напори за почитување на законските процедури и гарантирање на правата на странките, со цел да се обезбеди фер и транспарентна судска постапка, без ризик од компромитација во иднина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Оценката на обвинителниот акт за „Пулс“ ќе…
Кривичниот суд во Скопје соопшти дека до…
Приведени две лица поради палење кабли
Лишени од слобода две лица од скопско…
(Видео) Ахмети до Мицкоски: Со загари не…
Со загари не се ловат орли, му…
Курти: Јас сум нормален, екстремен изгледам поради…
Косовскиот премиер Албин Курти тврди дека, за…
Апасиев: ОБСЕ ја истражува цензурата врз Левица
Фејсбук објава на претседателот на Левица, Димитар…