Оштетени кровови, автомобили, откорнати дрвја: Последици од вчерашното невреме

t

ЦУК: 1 635 повици на 112 во последното деноноќие, поплавувања и штети од пороен дожд, град, а и ветер, на објекти, куќи, земјоделски површини, на патишта и автомобили во државата, а и за заглавени во автомобили заради порои од земја и одрони, еден пожар на отворено, препорака за внимателност при локалните кратки, но нагли метео промени

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 635 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 57,85%, а 33,63% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 62,03%, кон Итната медицинска помош 33,63%, а кон пожарникарите 0,90%, од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 560 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (7,62%) и на тие што се именувани како „неитни повици“(33,63%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

Во ЦУК, вчера од попладне па до доцна во ноќта, имаше повеќе пријави за поплавувања и штети од пороен дожд, град, а и ветер, на објекти, куќи, земјоделски површини, на патишта и автомобили во државата, а и за заглаени во автомобили заради порои од земја и одрони.
Конкретно, вчера од доцна попладне почнаа прво да стигаат такви пријави на 112 во ЦУК од општините Куманово, Старо Нагоричане и Липково (најмногу град падна токму во Општина Липково), а потоа и од Скопскиот региоан и од други региони. Заради обилните вчерашни врнежи во Косово се очекува зголемување на водостојот на Лепенец и кај нас на државата.
Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК се добиени различни пријави поради обилните врнежи на дожд и град, конкретно во:

  • 19.30 часот, пријава за падната голема гранка од дрво во дворот на „Капан Ан“ во Старата скопска чаршија (Општина Чаир);
  • 20:50 часот, пријава за оштетен кров од куќа и автомобил од невремето во с.Горно Блаце. (Општина Чучер Сандево) и
  • Од 21.45 часот па до 01:35, имало повеќе пријави од невремето за поплавени простории од куќи и објекти, а сите тие на една улица – на ул. „Славка Димкова“, во населбата „Драчево“ (Општина Кисела Вода).
    Регионалниот ЦУК Штип, ја пренесува информацијата од ТППЕ Штип во која се наведува дека во текот на изминтато деноноќие интервенирале на отстранување на паднато дрво на ул. „Енгелсова“.

И покрај локалните поројни дождови има еден пожар евидентиран на отворено. Конкретно, пожарникарите од ТППЕ Крушево, од 13.30 до 15.00 часот, со два пожарникари и едно теренско возило интервенирале на запалена ниска вегетација и папрат на површина од 0,2 хектара кај месноста „Слива“.

Регионалниот ЦУК Куманово, известува дека на 112 во ЦУК, во 09.24 часот, е добиена дојава за оштетен пат од обилни врнежи од дожд во с.Сушево, што бил оштетен и пред една недела. Патниот правец е непрооден, а за истото се известени во Општина Куманово за понатамошно решавање на проблемот. Пријавено бло и дека во месноста „Света Петка Пелинце“ во Општина Старо Нагоричане невремето има донесено тампон и песак и постои опасност од лизгање на автомобили. За ова веднаш е известено ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта за нивна понатамошна постапка односно за расчистување на патот.
Регионалниот ЦУК Охрид, известува дека во 0944 часот, од Едиствениот повикувачки број за итни случаи 112 е добиена пријава дека кај месноста „Кула“ на територија на Јавно претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје “Јасен”, две патнички возила заглавиле на патот поради одрони на камења и насип на песок. Возилата, најбрзо што било можно, биле ослободени од страна на вработени на „Јасен“. Но, патот, за којшто има забрана за движење на возила во вечерните часови, останува да се исчисти денеска од страна на вработените на „Јасен“, коешто јавно претпријатие е и надлежно за одржување на тој потег од патот.

Голема внимателност се препорачува при појавата на локалните кратки, но нагли метео промени, да се избегнува движење во засеци во природата, суводолици и многу блиску до речни корита, а и особена внимателност при грмежите и молњите, односно при силните електрични празнења: да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. И секако да потсетиме за внимателно возење, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на помали одрони при вакви променливи метео услови. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

ЦУК изразува голема благодарност до медиумите за брзото пренесување на предупредувањата за невремето и други непогоди, а секако и за сите итни ситуации и за континуираната соработка во интерес на безбедноста и посигурното живеење на граѓаните, во случајот – од аспект на кризните и итни ситуации со коишто се справуваме заедно во општеството, секојдневно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шест куќи и две згради во Карпош…

Сопствениците на шест куќи и станарите од…

Невремето прави хаос – падна дрво пред…

Големото невреме и град кои вечерва го…

Ова се седумте најскапи автомобили во светот!

Дали сте милијардер во потрага по следниот…

Снежно невреме предизвика сообраќаен хаос во Њујорк

Снежното невреме во американската сојузна држава Њујорк…