Објавено на:

Оштетување на нуклеарната централа “Запорожје” би било самоубиство

t

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска изјави дека какво било оштетување на украинската нуклеарна централа во Запорожје би било „самоубиство“.

„Мораме да кажеме како што е: секоја потенцијална штета во Запорожје би била самоубиство“, рече Гутереш за време на посетата на Лвов во западниот дел на Украина.

Тој го повтори претходниот повик за „демилитаризација“ на областа околу централата што е под контрола на руската армија.

Гутереш претходно овој месец ги повика руските сили да се повлечат од објектот на „безбедно демилитаризирано растојание” што денеска беше одб иено од Русија.

Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за неодамнешното гранатирање на електраната, што предизвика стравувања од сериозна несреќа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руски ракетни напади врз Запорожје и Одеса

Руските сили изутринава извршија ракетни напади врз…

Три лица загинаа во руски напади во…

Три лица загинаа во руски бомбашки напади…

Северна Кореја тестираше ракета способна да ги…

Тестот на проектилот со долг дострел доаѓа…

ОН: Човештвото доживува климатски колапс

Рекордно високите температури треба да послужат како…

Гутереш: Многу загинати цивили во Газа, нешто…

Бројот на загинати цивили во Појасот Газа…