ОЈО: Вработен во МВР овозможил лажна регистрација на украдени луксузни возила
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица, од кои едното се товари за измама, а другото за фалсификување исправа и злоупотреба на службена положба и овластување.
Првиот обвинет на 16 јуни, користејќи лажен идентитет и лична карта на туѓо име, склучил договор за наем на автомобил Mercedes benz s300 bluetec hybrid со рентакар агенција од Белград, Републка Србија. Лажно прикажал дека има намера автомобилот да го врати за еден месец, иако немал намера да го изнајми, туку да го одземе и за друг да прибави противправна имотна корист во значителна вредност. Возилото под наем, преку Косово и Македонија, на 21 јуни го однел на непозната локација во Република Бугарија.
На 10 јули, возилото со променет идентификационен број, се појавило повторно во земјава кога преку станица за технички преглед биле доставени документи за негова регистрација. Вториот обвинет во својство на службено лице – референт за управни работи на Одделение за управни работи – Скопје при МВР, поттикнат со умисла од лице кое до овој момент е недостапно на органите на прогонот, овозможил регистрација на возилото врз основа на некомплетна и лажна документација. Тој веднаш изготвил сообраќајна дозвола и издал регистарски таблици за возилото без да ги провери потеклото и сопственоста, вистинитоста на документите за увозно царинење и записите за техничка исправност на автомобилот, како и без да побара и обезбеди потврда од системот на Интерпол дали возилото е предмет на потрага. Со ова обвинетиот на поттикнувачот му обезбедил противправно да се стекне со значителна имотна корист во проценета вредност од 49.850 евра.
При спроведувањето на истражната постапка се утврди дека истото службено лице, поттикнато од другиот обвинет и од лицето кое е недостапно да органите на прогонот, во периодот од август 2020 година до крајот на јуни 2021 година во шест други наврати овозможил регистрација на вредни автомобили во земјава, без никаква или врз основа на лажна документација.
На овој начин тој на другите двајца им овозможил противправно да станат сопственици на автомобили Fiat 500 Abarth, Renault Megane 1.6 GT, BMW X5 XDrive30D, Mercedes Benz GLE 350D 4Matic, Toyota RAV4 и Porshe Cayenne Diesel. За регистрација на возилата со изменети идентификациски броеви била приложувана фалсификувана документација дека се набавени во странство, иако всушност тие биле предмет на потрага во различни европски земји. По извршената регистрација во Скопје, автомобилите биле препродавани на трети лица, со што продавачите оствариле противправна имотна корист проценета на вкупна вредност од 218.368 евра.
За третото пријавено лице кое поттикнувало извршување на кривичните дела и кое е недостапно на органите на прогонот, постапката е во прекин до неговото пронаоѓање и лишување од слобода.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Храбрите пилоти на МВР спасија туристка…
Благодарение на храбрите доброволни спасители од Охрид…
МВР по барање на Австрија го проверува…
Македонската полиција информира дека постапува по барање…
Четиримесечно бебе почина во Струга – ОЈО…
Четиримесечно бебе од струшко без знаци на…
(Видео) Началници и полицајци не санкционирале возач…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
Можно е враќање на средното полициско училиште
Министерството за внатрешни работи вчера, на владина…