ОЈО: Неколку инволвирани лица повикани на информативен разговор за скандирањето во Куманово

t

Неспортското скандирање на натпреварот во Куманово под истрага на обвинителството и полицијата. Неколку инволвирани лица биле повикани на информативен разговор – велат од јавното обвинителство. Оттаму за ТВ 24 велат дека идентификацијата трае.

ОЈО

– Издадена е наредба и за обезбедување на снимки од видео надзорот со цел да идентификација на евентуалните сторители.

По 36 часа од кошаркарскиот натпревар меѓу Македонија Романија и прозивки да се изјасни за скандалозното скандирање полно со говор на омраза во спортската сала во која и тој и неколку министри од неговата Влада присуствуваа со реакција и премиерот Христијан Мицкоски. Ги осуди ксенофобичните скандирања, вели дека додека го следел натпреварот воопшто не ги забележал, се работело за мала група на навивачи. Навивачките групи се формираат за давање подршка на тимовите, неза ширење навреди, ксенофобични пораки и национализам.

Министерството за спорт не можело да реагира конкретно за случајот тврди министерот Борско Ристовски затоа што не станувало збор за спортски субјект туку од навивачите. Ристовски најави допрва обуки за навивачите.

И собранискиот спикер Африм Гаши реагираше на социјалните платформи со повик институциите, партиите и сите граѓани заеднички да се спротистават на говорот на омраза.

Африм Гаши

– Со длабоко чувство на одговорност и голема загриженост, како Претседател на Собранието, внимателно го следев јавниот одѕив и реакциите на надлежните институции кои веќе преземаат активности за да го адресираат инцидентот. Остро ја осудувам секоја форма на говор на омраза, особено онаа што има цел да раздели луѓе поради нивната етничка или национална припадност. Република Северна Македонија е мултиетничко општество и Албанците се државотворен народ.

Со пораката спортските трибини не се место за говор на омраза излегоа со реакција и од хелсиншкиот комитет за човекови права со подршка за одлуката на обвинителството да отпочне постапка. Со вакви скандирања се предизвикува радзор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност, опишано во член 319 од Кривичниот законик, пишува во нивното соопштение.

Хелсиншки Комитет за човекови права

– Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза.

Од ДУИ пак со барање на оставки и изрекување на санкции, според нив ова не е само спортски инцидент, наместо навивање се испраќале страшни пораки упатени кон етничките албанци.

Националистички скандидарања и говор на омраза е редовна појава на спортските трибини, од навивачите македонци и од навивачите албанци , за што сведочат и многу изречени казни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОЈО: Неколку инволвирани лица повикани на информативен…

Неспортското скандирање на натпреварот во Куманово под…

Големо невреме се очекува во Скопје, Куманово,…

Управата за хидрометеоролошки работи издаде црвен предупредувачки…

(Видео) Запалено глувче, запалена опашка на лисица,…

Заменик директорот на Национални шуми Кирил Михаил…

И Максо ги слушнал по дома –…

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски го…

Mицкоски се правда дека внатре во салата…

Непристојните повици на еден спортски натпревар во…