ОЈО оформи предмет за дивоградбите во Охрид по ревизорскиот извештај на ДЗР
По вчерашниот извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР), во кој објавуваат дека Охрид е преплавен со дивоградби, а општината не ги урива, денеска Јавното обвинителство офроми предмет и се преземаат дејствиа за проверка.
„Државниот завод за ревизија на 19.12.2025 година го достави ревизорскиот извештај за Општина Охрид до Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, од каде извештајот е доставен на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Охрид. Оформен е предмет и се преземаат дејствија на проверки.“, велат од ОЈО.
„Општината врие од дивоградби, констатирала ревизијата. За дел од нив, 1.748 се донесени дека треба да се вклопат во урбанистички планови, но во рок од пет години тоа не е направено. Од друга страна, пак, 4.847 дивоградби, меѓу кои некои и во националниот парк „Галичица“ и на крајбрежјето, добиле решенија дека не можат да се легализираат, но не се преземени мерки истите да бидат отстранети.
„Со ова, не е испочитувана обврската предвидена со „Планот за заштита на културно наследство“ за детален инвентар на сите бесправно изградени објекти, проценка на нивното влијание врз исклучителната универзална вредност на општината и отстранување на сите бесправни изградени објекти, особено во Националниот парк „Галичица“, за кои, врз основа на претходно спроведените оценки ќе се утврди дека претставуваат закана за доброто, вклучително и за интегритетот и автентичноста на градот“, велат ревизорите.“ – пишува во извештајот на ДЗР.
„Охрид е преплавен во дивоградби кои општината не ги урива, локалните власти немаат донесено урбанистички планови за 20 населени места, се дозволила изградба на куќи и на хотели без платени комуналии, Општината не ги заштитила заштитените подрачја од нелегална урбанизација, поставувањето урбана опрема е без дозволи и платени комунални такси, а субвенционирањето на јавните претпријатија во вкупен износ од 36 милиони денари е без Програма и претходно обезбедена согласност од Советот, покажува ревизијата на финансиските извештаи за Општина Охрид за 2024 година, направена од Државниот завод за ревизија.“ , покажува извештајот на Државниот завод за ревизија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОЈО оформи предмет за дивоградбите во Охрид…
По вчерашниот извештај на Државниот завод за…
ДЗР: Во Охрид има дивоградби и во…
Охрид е преплавен во дивоградби кои општината…
Крвав инцидент како од филм во Охрид:…
СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Т.(40)…
ОЈО предложи притвор за дилер на хероин
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…
Кривична за две лица, бесправно граделе во…
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.Т.(53)…