ОЈО со детали за грозоморното убиство во Прилеп: Ги убил внукот и неговиот 11-годишен правук, па се самоуби
„Издадена е наредба за обдукција на телата, како и за вештачење на сите трагите, оружјето и муницијата пронајдени на лице место“, соопштија од Јавното обвинителство, кое продолжува со истрагата за да ги потврди сите околности и детали поврзани со тројното убиство.
Детали за убиството во Прилеп открива и прилепскиот обвинител Стевчо Биновски.
„Таткото и синот отишле во куќата на вујкото на улицата „Стеван Апостолоски“ околу 15 до 16 часот. Освен вујкото немало никој друг во куќата. Инаку, претходно вујкото му ја препишал куќата на внукот. Не се знае што се случувало наредните часови само се знае дека таткото и 11-годишниот син биле убиени со пиштол пред да стигне полицијата околу 22 часот. Ова е утврдено зашто соседите слушнале истрели“, вели јавниот обвинител Стевчо Биноски.
>Од Министерството за внатрешни работи засега нема официјални информации што точно се случило, како и потврда за шпекулациите дека убиецот пред да си го одземе животот пукал кон полицаец, како и дека фрлил експлозивна направа
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОЈО со детали за грозоморното убиство во…
„Издадена е наредба за обдукција на телата,…
Не излегол ниту да им помогне: Детали…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…