О2 за измените во Законот за урбанизам: Се отвора вратата за урбанистички хаос
Иницијативата О2 реагира на предлогот на Министерството за транспорт за изменување и дополнување на Законот за урбанизам, за што беше одлучено на собраниска седница во понеделникот, по скратена постапка. Според соопштението на Министерството предводено од Александар Николоски, основна цел на законот е поедноставување на постапките за одобрување на урбанистички планови за изградба на објекти од јавен интерес како што се градинки, училишта, болници, други објекти за социјална и здравствена заштита, но и катни гаражи.
„Сметаме дека тоа е недопустливо поради немањето законска рамка, општините и државата нема да можат да ги реализираат развојните програми и реализацијата на капиталните проекти ќе траат со години, дури и децении. Во тој контекст, би сакале да нагласиме дека во постапките се блокирани околу 600 урбанистички планови, што го доведе во прашање нивното одобрување и реализација на капиталните инвестиции”, велат од Министерство за транспорт.
Од Министерството појаснуваат дека со измените на законот ќе биде невозможно да се донесе урбанистички план без усогласеност на Министерството за транспорт. Исто така, Министерството може да врати на обработка било кој план, колку што е потребно, во која било фаза од постапката.
Но, овие најави од Министерството за иницијатива О2 ги нарекуваат само оправдувања. Според нив, промената на законот ја отвора вратата за урбанистички хаос.
„Она што се посакува е да се гради без план, само со проект, без да се прашаат граѓаните кои живеат таму дали се согласуваат со локацијата, висината на градбата или не, без јавна анкета и без право на Советот да одлучува по пат на гласање. Ова е отворена врата за анархија и хаос, тоа не смее да се дозволи. Да поедноставиме сè, да го укинеме урбанистичкото планирање и секој да гради каде што сака, како што сака, колку што сака. Не може под изговорот на „јавен интерес„ да се се прави урбанистички градежен хаос„, велат од Иницијатива O2.
Измената на Законот за урбанизам доаѓа по најавата на премиерот Христијан Мицкоски за инвестиции во општините во државата во износ од 100 милиони евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
О2 за измените во Законот за урбанизам:…
Иницијативата О2 реагира на предлогот на Министерството…
„Опен АИ“ предупредува: Корисниците може да станат…
Компанијата „Опен АИ“ e загрижена дека корисниците…
Според анкетите, Харис води против Трамп: „Бројките…
Камала Харис води пред Доналд Трамп, покажуваат…
Алијанса за Албанците: Муртезани и Фетаи да…
Уште пред да поминат 100 дена, моноетничката…
Никола Јокиќ влезе во историјата на Олимписките…
Српскиот кошаркар Никола Јокиќ на мечот за…