Павле Трајанов: Нема поддршка за уставни измени без реципроцитет

t

Не е спорно Хрватите и Црногорците да бидат ставени во Уставот, спорни се единствено Бугарите, бидејќи тоа го прават со уцени и условувања, истакна претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов на денешната конференција во Собрание.

„Нашиот став е доколку се пристапи кон промените, тие треба да бидат согласно принципот на реципроцитет, односно да бидат признаени и правата на македонските граѓани во Бугарија“, рече Трајанов.

Тој беше дециден дека нема да дадат поддршка за промена на Устав без реципрочност.

„Веројатно целта на Бугарија е да покажат дека во Македонија има Бугари. Не сакам да го користам тоа тој збор – бугаризација. Уставните промени веројатно ќе започнат. Тој процес ќе е тежок и сложен“, оцени тој.

Во однос на референдумот за Преговарачката рамка што го најавува ВМРО-ДПМНЕ, Трајанов рече дека се уште не се дефинирани прашањето и датумот на одржување и затоа како партија имаат „сериозни резерви”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утре е Петровден, задутре Павловден, се верува…

Утре, 12-ти јули е Петровден, а на…

Вака се стабилизира Влада: Претседателот на огранокот…

Струмичкиот бизнисмен Столе Лазаров, сопственик на неколку…

Трајанов пак ја тpece Владата на Ковачевски:…

Помалите парламентарни партии кои се дел од…

Павле Трајанов повторно го тpece мнозинството: Од…

Заедно со другите помали партии одамна бараме…