Падна Владата во Франција! Левичарите и десничарите заедно гласаа против премиерот!
Француските пратеници ја соборија владата на премиерот Мишел Барние по само три месеци на функцијата.
За прв пат по повеќе од 60 години, Националното собрание одобри гласање за недоверба на актуелната влада, која беше предложена од тврдокорната левица. Гласовите на екстремната десница на чело со Марин Ле Пен беа одлучувачки. Ниту една француска влада нема изгубено гласање за недоверба од Жорж Помпиду во 1962 година. За изгласување недоверба денеска гласаа 331 од вкупно 574 пратеници. Потребното мнозинство беше 288 гласа.
Ривалите на Барние го обвинија дека протуркал непопуларен буџетски закон.
Пред гласањето, сега веќе поранешниот премиер и рече на екстремно десничарската партија Национално собрание: „Немаме иста идеја за суверенитет или патриотизам“.
Барние призна дека буџетот „не бил совршен“, но рече дека има „само 15 дена“ да го подготви.
„Тоа е многу подобрено со многу ваши амандмани, од сите политички групи“, им рече тој на пратениците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Франција го блокира пристапот до израелските штандови…
Франција го блокираше пристапот до штандовите на…
Францускиот МНР: Франција е решена да ја…
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро…
Пратеници од Левица остварија средба со францускиот…
ПРАТЕНИЦИ ОД ЛЕВИЦА ОСТВАРИЈА СРЕДБА СО ФРАНЦУСКИОТ…
Франција забранува пушење на сите јавни места…
Пушењето ќе биде забрането од 1 јули…
Франција со порака до премиерот: Мицкоски зема…
*Анализа на француското специјализирано списание „Le Courrier…