Падна цената на златото
На почетокот на април 2026 година, благородниот метал чини 127 евра за грам, поевтино за 3 евра за разлика од вчера. Една унца (31,1 грам) чини 3.961 евро. Овие нивоа значат дека златото останува една од најбараните суровини на глобалниот пазар, со значителен раст во однос на претходните години.
Пазарните аналитичари укажуваат дека неколку клучни фактори стојат зад високата цена како ослабен американски долар, што го прави златото поатрактивно за инвеститорите, геополитички тензиит, особено на Блискиот Исток и очекувања за намалување на каматните стапки од страна на централните банки. Иако цената варира од ден на ден, неделните податоци покажуваат дека златото се движи во релативно стабилен опсег.
Ова укажува на консолидација на пазарот, по силниот раст што беше забележан во првиот квартал од годината. Експертите сметаат дека моменталната цена на златото е сигнал за висока неизвесност во глобалната економија, го потврдува статусот на златото како заштита од инфлација и може да продолжи да расте ако геополитичките ризици се продлабочат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падна цената на златото
На почетокот на април 2026 година, благородниот…
ЕУ предупредува дека цените на нафтата и…
Зголемените цени на нафтата и гасот во…
Златото денес се продава за 127 евра…
Цената на златото денеска се движи околу…
Геополитичките шокови го демнат денарот, предупредува Славески
„Народната банка и во иднина ќе биде…
УЈП: Илјадници фирми работат без фискален уред
Управата за јавни приходи најави дека почнува…