Пазарна инспекција открила неправилности во продавница во Гевгелија: За два дена извршени 110 контроли
Државниот пазарен инспекторат на 16 и 17 јуни изврши 110 контроли на трговци на мало. Две неправилности се откриени во продавници во Гостивар.
Од Пазарниот инспекторат за Алсат велат дека казните за овие фирми ќе зависат од големината на прекршокот што го направиле. Цените и маржите на трговците се констатираат на терен.
Според добиените податоци, кај трговците има зголемување на откупните цени што инспекторите дополнително ќе го контролираат во големопродажбата. Инспекторите забележале и пад од 20 отсто на цените на тестенините и оризот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Инспекторите на Град Скопје на терен: Се…
Инспекторатот на Град Скопје на терен со…