Пакувајте ги куферите: Туристичката сезона во Грција започнува на 1 март
Туристичката сезона во Грција официјално ќе започне на 1 март, многу порано од лани, најави грчкиот министер за туризам, Василис Кикилијас.
Откако пандемијата на корона вирусот го запре глобалното патување во 2020 година, грчкиот туризам ја претрпе најлошата година во историјата со само седум милиони посетители кои донесоа приход од четири милијарди евра, според Ројтерс.
Индустријата, која сочинува една петтина од економијата, почна да закрепнува минатата година кога сезоната, која официјално започна во мај, донесе околу 10,5 милијарди евра приход, многу помалку од рекордот на сите времиња поставен во 2019 година.
Има голема побарувачка и голема динамика за грчкиот туризам во 2022 година“, рече Кикилијас.
Порано отворање на сезоната значи дека хотелите што се затвораат во зимските месеци ќе можат повторно да се отворат порано.
Кикилијас, кој беше министер за здравство за време на екот на пандемијата на коронавирусот, не сакаше да зборува за прогнозите за оваа година, наведувајќи само дека ќе биде подобра од 2021 година.
Грција напредна над целните приходи за 2021 година, што Кикилијас во интервју за британската агенција го опиша како позитивен знак на оптимизам.
Земјата веќе ги олесни мерките за ограничување на патувањето воведени за борба против ширењето на Ковид-19, а на целосно вакцинираните посетители не им треба негативен тест за да влезат во земјата.
„Грција од денес е отворена за сите. Но, вистинската сезона, летната сезона, за нас започнува на 1 март“, рече Кикилијас.
Како и повеќето европски земји, Грција забележа зголемување на бројот на инфекции во јануари поради омикронскиот сој на коронавирусот.
„По оваа огромна криза на глобалното јавно здравје, луѓето сакаат да патуваат, да уживаат во одморите, да трошат пари и мислам дека Грција е најдобрата дестинација“, рече министерот за туризам, пренесе Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ова се најзадолжените држави во ЕУ!
Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…
Грција потпиша договор за набавка на 20…
Грчката влада официјално ја финализираше својата намера…
(Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа…
Тешка несреќа околу пладне се случила во…
Силен земјотрес ја стресе Грција
Земјотрес со јачина од 4,5 степени според…
Земјотрес ја стресе Грција вечерва
Земјотрес од 3.8 степени околу 21.40 часот…