Пак не’ продадоа? Радев откри, промена на македонскиот Устав е веќе договорена!

t

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска побара Владата на Бугарија да се произнесе со став за предлогот на француското претседателство со ЕУ за деблокирање на европскиот пат на Македонија, јави дописникот на МИА од Софија.

Сегашниот пристап не може да функционира. Бугарската Влада треба да даде мислење врз основа на стручноста на бугарското Министерство за надворешни работи и доколку на кој било начин ја ажурира националната рамковна позиција со своја одлука, дури потоа да ја испрати до Парламентот на одобрување, а не обратно, изјави Радев во Литванија, каде учествува на форумот „Три мориња“.

Според Радев, Рамковната позиција на Бугарија во 2019 година беше утврдена и усвоена со одлука на тогашната бугарската Блада и потоа поддржана со Декларација одобрена од страна на тогашниот состав на Собранието.

Навистина има напредок. Промената на Уставот на Република Македонија е веќе прифатена да се случи. Во Софија никогаш не сме зборувале за малцинство, туку за рамноправност на македонските Бугари, која ја заслужуваат. Прво да се промени Уставот, па дури потоа да почнат преговорите со ЕУ, додаде Радев.

Според него, сегашниот пристап на владата во однос на францускиот предлог да се изјасни бугарското Собрание, води кон блокада и неможност да се донесе одлука.

Телото што ќе ја изготви на оваа одлука треба да биде бугарската Влада, а парламентот да ја одобри, а не обратно, додаде Радев.

Бугарскиот премиер Кирил Петков во саботата изјави дека на Самитот на ЕУ во Брисел неделава „нема да оди со став на Владата во однос на „францускиот предлог“, туку со одлука на Народното собрание“ на Бугарија.

Предлогот на француското претседателство со ЕУ е веќе во Народното собрание на Бугарија. Пратениците ќе донесат одлука и ќе ја исполнам волјата на Народното собрание, рече Петков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се огласија од Бугарија: Мицкоcки манипулиpа, има…

Националното претпријатие за железничка инфраструктура, кое е…

Траги-комедија во Бугарија: Огромен крокодил живее меѓу…

Двометарски нилски крокодил живее во јама на…

Земјотрес во Бугарија

Слаб земјотрес со јачина од 2,3 степени…

Се крчкаат нови предвремени избори во Бугарија

Бугарската партија „Има таков народ“ (ИТН) утре…