Пак се премисли: Референдумот ќе бил за да нема вето – еве како би гласело прашањето

t

Никој не споменува опција за референдум за промена на Уставот. За Уставот браникот се пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, затоа што во јавноста има инструирани провладини гласноговорници кои имаат различен став од нас за референдумот, па викаат еве сега се бара алиби за промена на Устав. Но не е тоа идејата, чувари на Уставот се пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Кога зборуваме за референдум, ние зборуваме за преговарачката рамка, односно за спорниот дел, а тоа е членот 5, алинеја 4, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за весникот „Вечер“.

Мицкоски вели дека во однос на референдумоското прашање, и тоа каков ќе биде референдумот задолжителен или консултатитвен се водат консултации.

-Кога зборуваме за референдум, ние зборуваме за преговарачката рамка, односно за спорниот дел, а тоа е членот 5, алинеја 4 , којшто се повикува на билатералниот договор со Бугарија, членот 12 од истиот којшто, пак, е поврзан со протоколите што се потпишуваат еднаш годишно. Тоа е спорно за нас и тоа претставува потенцијална опасност дека ние во иднина повторно ќе имаме вето од Бугарија, доколку не промениме учебници под диктат на Бугарија. Тука се фокусираме во делот на референдумското изјаснување на граѓаните: Дали да се прифаќа или да не се прифаќа оваа содржина на преговарачката рамка, инаку за Уставот никој не спомнува опција за референдум. Уставот – браникот се пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, затоа што во јавноста има инструирани провладини гласноговорници кои имаат различен став од нас за референдумот, па викаат еве сега се бара алиби за промена на Устав. Но не е тоа идејата, чувари на Уставот се пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.Ова е сосема нешто друго, ова е дали заедно со граѓаните, ние овој текст на преговарачката рамка ќе го прифатиме. Ако не го прифатиме, тогаш на Брисел ќе му кажеме – извинете на референдум излегоа толку и толку граѓани – овој текст не го прифаќаме ќе мора членот 5, алинеја 4, да го тргнете и да останат членовите кои се повикуваат на копенхашките критериуми и критериумите за процесот на стабилизација и асоцијација. А за билатералните спорови да биде исто како и за останатите 26 земји членки, сега плус Албанија, да си биде исто и за нас – вели Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тие не заслужиле да се изнајми приватен…

Христијан Мицкоски, денеска рече дека владиниот авион…

(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти…

*Објава на Левица Битола КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО -…

Франција го блокира пристапот до израелските штандови…

Франција го блокираше пристапот до штандовите на…

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

До крајот на месецов ќе се знаат…

Процесот на избор на кандидати за градоначалници…