Пак тик ток лечење: Вработена во болницата во Тетово неовластено снимала пациентка хоспитализирана на одделенијата – полицијата ја приведе
Полициски службеници на СВР Тетово, синоќа, околу 20.10 часот лишиле од слобода 46-годишна жена од тетовска Брвеница.
Таа претходно била пријавена од 47-годишник од тетовско Слатино дека во тетовската Клиничка болница, каде што била вработена, неовластено ја снимила неговата сопруга, која била хоспитализирана на едно од одделенијата.
Снименото потоа го објавила на социјалните мрежи.
Задржана е во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, соопшти полицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нема веќе “Никогаш Северна”: Седум години од…
На денешен ден, 17 јуни, пред точно…
СТАНАРИ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ БАРААТ ПОМОШ ОД…
Две години жителите во зграда на булевар…
Дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денес ќе се…
Денес на дневен ред на Постојаната анкетна…
Koчоска: Цените не се многу високи, горивата…
Горивата се берзански производ на кој не…
Руски генерал: Третата светска војна веќе започна,…
Откако израелската армија нападна ирански цели во…