Палевски од Турција планирал да оди за Москва и за Минск
Љупчо Палевски – Палчо, првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски додека бил во Турција од каде што беше екстрадиран и одведен во затворот во Шутка, планирал да замине за Москва и за Минск, Белорусија, произлегува од дополнителните докази што денеска ги презентираше Обвинителството на судењето за двојното убиство коишто произлегле од неговата комуникација.
Според комуникацијата што ја презентираше обвинителката, Палевски додека бил во Турција добил порака од извесен Хусеин дека му резервирал лет за Минск, а самиот Палевски му пишал на извесен Драган дека доаѓа во Москва на 5 декември 2023 година.
Обвинителката истакна дека и покрај констатираните обиди за бришење на комуникациите, постојат записници за комуникацијата помеѓу обвинетиот Палевски и лицето Хусеин, во кои тој го информира за букираната авионска карта за Минск. Во периодот меѓу 27 ноември и 1 декември 2023 година, обвинетиот не остварил разговори со никого освен со Влатко Кешишев и Стефан Димковски, додека на Телеграм биле забележани најмногу разговори.
Обвинителката изнесе податоци за пропуштените повици и анализирани комуникации преку различни платформи, вклучувајќи WhatsApp, Фејсбук и Вибер. Според комуникациите, обвинетиот Палевски имал контакти со неколку лица, а на Вибер се пронајдени пораки кои го поврзуваат со лице по име Драган, кој се наоѓа во Москва, при што Палевски побарал помош за да го земе од аеродромот по неговото пристигнување на 5 декември 2023 година.
Палевски денеска по втор пат побара изземање на тројцата обвинители од судскиот процес, обвинувајќи ги за пристрасност и злоупотреба на своите овластувања.
Во изјава пред судот, Палевски конкретно побара изземање на обвинителките Жаклина Крстевска Јосифовски и Ана Стојковиќ Димитриевска, како и обвинителот Гаврил Бубевски.
Тој обвини дека обвинителите фалсификувале податоци и телефонски анализи со цел да се овозможи лажни сведочења на сведокот Ерол Османи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…