Палевски бил фатен како оди пешки по турски автопат, гранични премини минал со македонски пасош
Лицето Љ.П. кој е директниот сторител, односно извршител на кривичните дела поврзани со убиство на две лица е лишен од слобода во Турција, ова на вонредната и вечерашната прес конференција го потврди Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
„Тоа беше последната алка од грозоморниот чин која недостасуваше за целосно завршување на оваа постапка, но и да разобличиме сторителите на кривичните дела која длабоко на потресе“, изјави Спасовски.
Министерот истакна дека за лицето Љ.П. од страна на домашниот Интерпол била распиша т.н. „Црвена потерница“ која била веднаш видлива на сите членки, но освен потерницата МВР имало и билетерална комуникација со земјите.

Спасовски упати посебна благодарност од колегите и министрите од Србија и Турција и Хрватска. Тој се заблагодари на медиумите за професионалното информирање и на колегите во Министерството за внатрешни работи.
„Длабоко посакувам фаќањето на сторителот да оди брзо. Нашето заврши, а постапката за утврдување на притвор е во надлежност на Министерството на правда“, информираше Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На професорот му пукна филмот: Eве што…
Со поврат на инвестицијата од 0,5% годишно…
Вештачката интелигенција влегува во македонското образование, најави…
Министерката за образование Весна Јаневска вели дека…
Портпаролот на Комисијата за национална безбедност на…
Портпаролот на Комитетот за национална безбедност и…
Ќе се проба приватно: Зоран Ставрески не…
Некогашниот вицепремиер за економски прашања Зоран Ставрески…
ЕСМ за испадот на Блок 2: Имавме…
ЕСМ реагира на денешните обвинувања на СДСМ…