Палевски со прашање до сведокот Каришиќ: Дали таткото на Вања ги пресекол каблите од видео надзорот спроти зградата во која живеела неговата ќерка?

t

Судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски продолжува денеска во Кривичниот суд во Скопје. Во моментов пред судот сведочи полицискиот службеник Музафер Каришиќ поранешен помошник началник на СВР Скопје за криминалистички работи.

Прашања на Каришиќ му поставија одбраната на Кешишев, двајцата адвокати на Палевски како и самиот Љупчо Палевски, обвинителството и одбраната на Александар Ѓорчевски.

АДВОКАТ НА КЕШИШЕВ

а – дали Кешишев даваше насоки?

– да, тој не однесе до возилото

а – зошто имал страв од вашите колеги, а стекнал доверба кон вас?

– не знам зошто

а – дали според вас имаше траги на физичко малтретирање на Кешишев?

– според мене не, но постојат списи за тоа

а – дали имаше и други лица на информативен разговор со кешишев, дали имаше други лица?

– тој беше приведен, не повикан, имаше други лица да, тие беа задржани, по обавување на разговорот истите беа ослободени

АДВОКАТ НА ПАЛЕВСКИ, Марјан Витановски

А – дали во конкретниот случај е пронајден пиштолот со кој е сторено кривичното дело?

– не, оружјето не е пронајдено

А – на прес-конференција беше објавено дека пиштолите се пронајдени, дали имате проверено дали лицата имаат дозвола за носење на оружје?

– претпоставувам имаат проверено, јас лично не сум запознаен, секој таму си има работни задачи

АДВОКАТ НА ПАЛЕВСКИ, Јовица Страшевски

А – однесувањето на гоце и александар било сомнително и чуцно?

– да

А – ако било сомнително и чудно, ќе се согласите ли со мене дека требало таквото однесување да го проверите, дали го проверивте?

– не е спорно, тоа се денови со набиена агенда од 24/7, јас кажав не само Гоце, ние го испрофилиравме како профи, но не можевме да не постапиме по однос на тоа што тој ќе ни кажеше, но не го земавме здраво за готово.

А – кога Гоце ви ја достави снимката, требаше истиот да биде испраша, ќе се согласите со ова?

– поврзаноста на снимката ја утврдивме откако се откри телото на девојчето, а понатаму во истрагата треба да се одлучи дали ќе биде Гоце повикуван.

А – ќе се согласите дека Влатко Кешишев имал страв од вашите колеги или од неговите коелги?

– додека се водеше тоа интервју, колегите седеа во таа просторија, истиот рече ќе те однесам ќе ти кажам, но се плашам да не ме каже некој од твоите колеги кај палчо, ако дознае ќе ме убие.

А – во еден дел од разговорот спомнавте дека кешишев ви посочил дека е Боре

– ми кажа кога го откопувавме телото на девојчето, рече дека е Боре од Велес

А- тоа го кажа откако му ја посочивте снимката или сам?

– не, ми кажа сам

Љупчо Палевски – Палчо

П – прашањето е во врска со споменатата снимка, не кажавте на кој датум е снимката?

– на памет не ја знам меѓутоа е утврдена со крим техника, таму има кој датум и ден

П – имате изјава, што сте сечеле тамо доле, се убаво се гледа, во исказот на александар ви цитирам вели дека во петок на 1 декември бил шоќиран од прашањето на Каришиќ. Што убаво се гледа од вашата изјава? Обвинет е дека Александар сече кабли, моето прашање е што убаво се гледа?

– тоа не е моја изјава, јас никогаш во ниту еден момент не сум му кажал на Александар направил такво нешто, ниту сум го обвинил дека го сечел кабелот.

П – какви дејствија преземавте за да откриете кој го исекол кабелот?

– од сите камери кои се земени не можевме да го најдеме сторителот

П – дали ви е позната фото документација бр 1306 од 2024 комуникација на Александар Ѓорчевски и началникот Дејан Димовски?

– не

П – дали вие исклучиво комунициравте со Александар, а Дејан со мајката?

– не беше исклучиво, јас комуницирав и со мајката

П – дали ви е познато до кога траеше комуникацијата на началникот Дејан со таткото?

– се до моментот кога Александар беше осмничен

П – на увидот на место на настанот за Вања, сте биле присутен. Колку предмети собравте од увидот на место на настан?

– Јас не раководев, таму бевме шест луѓе, моментот кога се вадеше телото беа присутни крим техника, обвинител итн но не знам што точно е собрано.

П – ОЈО вели сите три примероци од вештачењето да се достават, дали имате увид во вештачењата на ОЈО за местото на телото.

– Јас не морам да сум во тек кога обвинителството ја води истрагата.

П – што откривте од местото на настанот освен телото на Вања?

– Откривме најбитното, телото и предмет кој Кешишев кажа, алат, лопата, копач, имало три лопати.

П – дали сте запознаен со вештачњето на лопатата?

– Немам потреба да бидам запознаен обвинителството ја води истрагата

П – како успеавте да утврдите број на учесници за овој настан?

Судија – не се дозволува прашањето

П – дали ме видовте на било која снимка мене како обвинет?

– Не

Прашања вкрстени од Обвинител

О – дали од страна на обвинетиот Влатко Кешишев ви беше кажано дали носеле ракавици за да не остават траги?

– да, тогаш ги посочи лицата, дека биле Велимир, Палчо, Боре отпосле го посочи.

О – дали ви кажа како комуницирале меѓу себе?

– на местото на настант, кажа, бидејќи не можевме да најдеме комуникација, кажа дека комуницирале со мотороли.

О – дали во однос на запалениот цитроен ви кажа за некои предмети ставени да се запалат во тоа возило?

– одењето на местото на настанот кај запаленото возило беше оправдување од него за колегите да не го кажат кај палевски, чисто про форма беше тоа, да одиме кај цитроенот за да покаже нешто друго.

Адвокатот на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ

Т – барам да ми одговорите дли во моментот кога александар бил приведен во просториите во ПС сте биле присутен при вршење на тортура од ваши колеги и сте се обратиле со зоровите, немојте бре луѓе, не го тепајте, дајте да испитаме што се случило

– НЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Палевски со прашање до сведокот Каришиќ: Дали…

Судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и…

Сирски: Британците работат на план за победа…

Командантот на украинските вооружени сили, генералот Олександр…

Дополнителен час во евтина тарифа нема да…

ополнителен час во дневна евтина тарифа нема…

Каришиќ: Таткото на Вања ни велеше дајте…

Денеска продолжува судењето за убиството на Вања…

Амбасадорот на Кина: Кинеско-српските односи во моментов…

Амбасадорот на Кина во Србија, Ли Минг,…