Пандев критикува: ФФМ стана приватна федерација – Ако нешто не се промени ќе назадуваме!

t

Горан Пандев е човек кој остави голем белег и во македонскиот фудбал, но и во италијанскиот фудбал каде што играше во најголем дел од својата фудбалска кариера.

Тој неодамна објави дека ја завршува фудбалската кариера како играч. За македонската репрезентација настапуваше повеќе од 20 години.

-Луѓето ја препознаваат мојата вредност иако има и такви кои ја игнорираат Се надевам дека добро ја претставував Македонија и на сите им благодарам што ме поддржуваа, вели Горан Пандев, доскорешен фудбалски репрезентативец во СТУДИО 10 на ТВ24.

ФФМ не се издигна и не успеа да направи подвиг да го одбележи натпреварувачкото пензионирање на Горан Пандев.

-Тоа стана приватна фудбалска федерација и мислам дека ако нешто набргу не се промени, не само што нема да напредуваме како репрезентација туку и ќе назадуваме, коментира Пандев.

Циклусот натпревари во Лига на нациите помина лошо за македонската репрезентација. Пандев вели дека селекторот има свои успеси, како што се издигнувањето на Елиф и Барди, но сепак на натпреварите во Лига на нациите немаше препознатлива и тактичка игра. Според него, селекторот треба да понесе одговорност и за успесите и за неуспесите на тимовите.

-Јас не сакам да се мешам во политички работи, а кај нас во Македонија во сѐ има политика. Веројатно затоа играчите и заминуваат. Но, таа атмосфера ја создва ФФМ. Сите го знаат тоа, но никој не сака да излезе и јавно да го каже тоа, вели Пандев.

Пандев вели дека во секоја федерација и во секој тим има и добри работи и проблеми, а проблемите се решаваат со разговор. Меѓутоа, вели Пандев, кај нас не се седнува да се дебатира за македонскиот фудбал и репрезентација. – Потребни ни се луѓе кои сакаат да успеат во спортот, заклучува Пандев.

За Пандев беше очекувано што репрезентативниот натпревар со Бугарија имаше политичка димензија, но полошо е тоа што нашата репрезентација беше лошо организирана и имаше лош настап.

На личен план Горан Пандев со семејството планира да остане во Џенова, Италија. Професионално планира да се посвети на проект за унапредување на „Академија Пандев“ и поддршка на младите фудбалери.

Разговорот во СТУДИО 10 на ТВ24 беше прво интервју за македонски медиум на Горан Пандев по неговото повлекување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ