Пандов незаконски назначен за директор на Управата за извршување на санкции!
Владата на Република Македонија неодамна го назначи Александар Пандов за в.д директор на Управата за извршување на санкции, но дали Пандов ги исполнува условите да биде директор на Управата?
Условите за избор на директор на Управата за извршување на санкциите се прошишани во Законот за извршување на санкции, членовите 27 и 28 од Законот каде се предвидени општи и посебни услови за кандидатите.
Во членот 27 е наведено дека директорот на Управата го именува и разрешува Владата на Република Македонија на предлог на министерот за правда. Директорот се именува за време од
четири години со право на повторен избор.
Во членот 28 се наведени условите за пријавување за позицијата директор на Управата за извршување на санкции.
– Директорот на Управата се избира по пат на јавен оглас кој треба да биде објавен во најмалку три дневни весници, кои се издаваат на целата територија на Република Македонија од кои во еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик. За директор на Управата може да биде именувано лице кое ги исполнува следните општи и дополнителни услови:
- да е државјанин на Република Македонија;
- активно да го владее македонскиот јазик;
- да е работоспособен и да има општа здравствена способност;
- во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
- да има најмалку 10 години работно искуство, од кои пет години во областа на извршувањето на санкциите или сродни работи;
- познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски јазик) кое се докажува со сертификат од надлежна институција.
За назначување за вршител на должноста директор на Управата пак може да биде назначено само лице кое е вработено во самата Управа за извршување на санкции.
Александар Пандов никогаш не работел во Управата за извршувањена санкции, ниту пак работел во областа на извршување на санкциите или сродни работи, а особено нема петгодишно работно искуство во таа област, како што пропишува Законот за извршување на санкции.
Оттука, се поставуваат неколку прашања. Дали Александар Пандов е назначен за в.д директор на Управата за извршување на санкции спротивно на Закон и дали бил предлог на министерот за правда, што е исто така предвидено во Законот?
Ние побаравме одговори и коментар од министерот за правда Игор Филков во врска со именувањето на Пандов за в.д директор на Управата, имајќи ги предвид погоре споменатите законски прописи кои не се испочитувани.
– Александар Пандов е именуван за Вршител на должност на Управата за извршување на санкции на втората седница на Влада. Функцијата В.Д ќе ја извршува до распишувањето на јавен оглас за избор на директор на УИС, вели министерот Филков за Инфомакс. Министерот вели дека нема информации дали Пандов бил вработен во Управата.
– Во моментов не располагам со таа информација,ќе морам да ви одговорам дополнително во понеделник, одговори Филков.
Дополнително, завчера, на 10.07.2024 година, поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева беше повторно вратена во затворот Идризово, бидејќи, како што кажа Пандов било констатирано дека не оди на работа кај нејзиниот син, со што го изгуби правото да излегува од Идризово до доиздржување на казната затвор.
Јанева можеби одела, можеби не одела на работа и не го испочитувала законот и одлуката на Управата да ѝ дозволи да оди на работа и да излегува од Идризово, но дали одлука донесена и потпишана од незаконски назначен директор е важечка?
А.Петровска
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…
„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…
Косово губи 400 милиони евра поради санкциите…
Пратеничката на Демократската партија, Аријана Мусљиу-Соши, истакна…
Путин: Западот „си пукаше во нога“ со…
Ограничувањата ефективно доведоа до тоа Русија да…
Унгарија има услов за да го тргне…
Унгарија ќе стави вето на дванаесеттиот пакет…
Мишустин: Западните санкции ја воскреснаа руската индустрија
Ограничувањата и санкциите го поттикнаа развојот на…