Паники во Британија: Конзервативната партија пред покревање на постапка за недоверба на Борис Џонсон
Министерот за здравство на Велика Британија, Саџид Џавид денеска изјави дека е можно премиерот Борис Џонсон да се соочи со гласање за недоверба, покренато од незадоволни пратеници на неговата Конзервативна партија.
Политичкиот аналитичар и уредник во „ИТВ“ Пол Бренд вели дека пратениците во парламентот очекуваат денеска да биде соопштено дали ќе се гласа за доверба.
„Незадоволните Ториевци очекуваат Грејем Брејди денеска да даде изјава во која ќе најави дека ќе се гласа недоверба на Борис Џонсон“, напиша Бренд на Твитер притоа додавајќи дека само Брејди ги знае деталите.
За да се покрене гласање за доверба на премиерот, потребно е тоа од претседателот на партискиот Одбор 1922 Грејам Брејди службено да го побараат најмалку 54 пратеници на Конзервативната партија. Писмата се доверливи така што само Брејди знае колку точно такви барања се доставени.
Ториевецот Сер Грејем Брејди најави дека противничкиот табор во редовите на владејачката Конзервативна партија успеал да обезбеди потребен број гласови за да се покрене гласање за доверба на Џонсон, како и дека за тоа јавноста ќе биде известена подоцна во текот на денот.
Доколку се случи Џонсон да загуби на гласањето за доверба се распишуваат нови избори со што може пак да ги добие Џонсон, но самата реалност покажува различно и се смета дека деновите му се на број.
Целата постапка беше покрената поради широките критики кај јавноста упатени до премиерот Џонсон поради забавите и масовните собирања во „Даунинг стрит“ за време на локдаунот и спротивно мерките воведени поради епидемијата на коронавирусот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британец и неговата сопруга пpетеpале мигрант со…
Брачниот пар е обвинет за расистички напад…
ПРОЕКТИЛ ПОГОДИ БРОД НА БРИТАНСКАТА МОРНАРИЦА!
Британската кралска морнарица во неделата соопшти дека…
Британија размислува за испраќање војници во Украина?
Британската војска прави планови за непредвидени распоредувања…
Во Британија издадоа предупредување за многу заразна…
Здравствените експерти во Британија издадоа предупредување за…
Истражување: Милиони Британци овој Божиќ ќе мора…
Домаќинствата ќе бидат принудени да ги намалат…