Пановски објасни зошто толкав број на луѓе заболуваат по вторпат

t

По појавата на омикрон варијантата во Македонија евидентно е зголемување на бројот на реинфекции, односно повторно заразување со вирусот, особено поради фактот што станува збор за многу повирулентен сој кој го заобиколува имунитетот кај луѓето стекнат или по природен пат, со прележување на болеста или пак имунитетот од вакцинацијата против ковид. Само во последната недела од јануари Институтот за јавно здравје известува за 1.558 пријавени реинфекции, скоро идентично во однос на неделата претходно. Што се однесува пак од почетокот на епидемијата на корона вирусот, во земјава се регистрирани 6.494 реинфекции од кои 17 се втори реинфекции, што значи дека едно лице и по трет пат е заразено со вирусот.

Во однос на тоа зошто некои луѓе се заразуваат по неколку пати со корона вирусот,  „Фактор“  поразговара со професорот Никола Пановски.

Станува збор за сосема различни соеви на вирусот и тие са главната причина што некој поединец може повторно и повторно да се зарази. Токму затоа и вакцините на почетокот имаа ефикасност од над 90 проценти, а со секоја појава на нова варијанта нивната ефикасност опаѓа. Кога заборуваме за омикрон видот, вакцините едвај штитат 30 отсто, појаснува познатиот микробиолог.

Многу поважен момент според Пановски е тоа што огромен број од луѓето кои прележале ковид и повторно се заразени не завршуваат во болница и не го оптоваруваат здравствениот систем на тој начин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Десеткратно зголемување на бројот на заразени од…

 Во текот на месец јули, пријавени се…

Расте бројот на заболени од Ковид во…

Од 29 јули до 4 август во…

Коронавирус на Олимписките игри, 40 спортисти се…

Светската здравствена организација објави дека повеќе од…

Вучевиќ е позитивен на Корона, пред неколку…

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ е позитивен…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…