Панчевски: Во светот полицијата и Обвинителството развиват повеќегодишни стратегии за спречување на криминалитет, кај нас се борат да ги докажат последиците од криминалот

t

Во светот полицијата и Обвинителството развиват повеќегодишни стратегии за спречување на криминалитет, кај нас се борат да ги докажат последиците од криминалот, пишува на Фејсбук поранешниот судија Владимир Панчевски.

– Можеби сме единствената држава на светот со таканаречена “некрофилска превенција” од криминалитетот, додека во светот Полицијата и Обвинителството развиваат однапред утврдени 5 и повеќе годишни стратегии за контроли и рана превенција и спречување на криминалитетот ние станавме држава која се бори да ги докаже и утврди последиците од криминалот!

Тоа ќе биде така се додека одговорните тие од фото и видео сесиите не се погледнат во огледало и не ја признаат сопствената неспособност!

Оваа година Република Македонија прави 15 годишнина од воведување на “новиот” Закон за кривична постапка со кој обвинителството доби автономија за гонење, нели допрен глас, проценки на ризик од криминалитет!

Но, ете до сега се занимаваа со политикантство, а од сега, па како до сега инаку причински – последично треба да се самоуапсат!

Многу ми е криво што повеќе нема судии кривичари како Добрила Кацарска кои даваат по 100 години затвор, ја упропастија жената да седи во Уставен во црвен шлафрук по цел ден со колешките! – стои во објавата на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ