Панчев: Елитата не ја личи без Вардар, „ДА“ за Регионалната лига!
Македонската фудбалска легенда Даро Панчев во интервју за српски „Спортски журнал“ говореше за повеќе теми, меѓу нив и за првата фудбалска љубов, тоа е Вардар. Клубот минува низ тежок период и е последен на табелата во ПМФЛ, но Панчев искрено му посакува се најдобро и да се спаси.
„Најдоброто македонско првенство не личи на себе без Вардар. Замислете ако во Србија се игра Суперлигата без Црвена Звезда или Партизан. Клубот мина низ турбулентен период, му посакувам се најдобро, многу среќа и да опстане во елитата. Веројатно оние кои го водат Вардар знаат што прават и се надевам дека се ќе биде добро на крајот“, изјави Панчев.
Популарната „Кобра“ говореше и за инфрастуктурата во македонскиот фудбал.
„Таа е на многу ниско ниво. Бев трипати дел од Вардар во период од по десет години, 1997, 2007 и 2017 година и квалитетот е многу послаб како што времето одминува. Треба да се направат подобри тренери, што би донело олеснителна работа со младите таленти и ќе биде од плус за нивниот развој“, додава Панчев.
Тој ја начна и темата за Регионалната лига со фудбалски клубови од територијата на поранешна Југославија, нешто што е случај со АБА-лигата.
„Јас сум за таа идеја. Еден сум од првите кои ја почнаа таа кампања по медиумите. Ако ја ставиме на страна политиката и се што се случуваше во минатото, создавањето на такво натпреварување ќе помогне за квалитетот, играчите ќе имаат силна конкуренција, клубовите повеќе ќе заработуваат. Таква лига може да донесе само добро. Ако еден ден дојдеме во ситуација сериозно да се разговара на таа тема, тогаш треба да се конатктира УЕФА и да се бара шест до седум места во Европа. Не треба да се укинат и домашните лиги. Сега имаме вкупно 24, 25 претсатвници во Европа. Може да се почне со таа тема, но со добра организација и јасни цели“, заврши Македонецот.
Целосното интервју на Дарко Панчев за „Спортски журнал“ можете да го погледнете ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…