Панчо Минов добивал пораки со заканувачка содржина па пријавил во полиција?

t

Пратеникот од редовите на владејачката коалиција, Панчо Минов, во полицијата пријавил дека примил закани преку телефон пред денешната собраниска седница на која треба да се расправа за „францускиот предлог“.

„На 13.07.2022 во 20.00 часот, во ОВР Кавадарци од страна на П.М. (64) од Кавадарци, е пријавено дека на неговиот мобилен телефон добил неколку пораки со заканувачка содржина. Од страна на ОВР Кавадарци се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во билтенот на МВР.

Неофицијално, станува збор за пратеникот Минов, кој досега не одговори на барањето за коментар, пишува “Фокус”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Панчо од ДНК: Министерството за култура ги…

Членот на македонската поп група ДНК, Владимир…