Папата загрижен за климатските промени
Папата Франциск денеска изјави дека топлотните бранови во многу делови на светот и поплавите уште еднаш укажале на неопходноста од преземање итни мерки во борбата против климатските промени.
„Ве молам, го обновувам мојот апел до светските лидери да направат нешто поконкретно за ограничување на емисијата на штетни гасови. Тоа е итен предизвик, не може да се одложи затоа што се однесува на сите нас. Да го заштитиме нашиот заеднички дом“, рече Папата за време на своето обраќање пред верниците на плоштадот Свети Петар.
Поглаварот на Римокатоличката црква упати глобален апел итно да се отфрли употребата на фосилни горива, а заштитата на животната средина да се прогласи за камен-темелник на неговиот понтификат, бидејќи, како што рече, планетата Земја „почнува се повеќе да личи на куп ѓубре“.
Папата денеска изрази солидарност со настраданите од климатската криза.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Папата со поддршка за новинарите: Вие ја…
За време на неговата прва аудиенција со…
(Во живо) Лав XIV е првиот папа…
Новиот папа е Роберт Превост од САД,…
Конклавата за избор на нов папа ќе…
Католичките кардинали кои се состанаа во Рим…
Зошто се уништува прстенот на папата по…
Рибарскиот прстен, еден од најпрепознатливите папски симболи,…
(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…
Меланија Трамп мораше да интервенира и да…