Папата и понатаму е во критична состојба, му откажуваат бубрезите
Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск и понатаму е во критична состојба, но не претрпел никаква дополнителна криза, соопшти Ватикан вечерва, откако во саботата објави дека папата претрпел „продолжена астматска респираторна криза“ неколку дена откако беше хоспитализиран поради пневмонија.
Ватикан претходно објави дека саботата „поминала тивко“ и дека „папата се одморил“, како што цитира Асошиејтед прес, велејќи и дека Франциск бил свесен и дека тестовите продолжуваат.
Тој и понатаму останува на дополнителен кислород, а тестовите покажаа „почетна, блага“ бубрежна инсуфициенција, соопшти Ватикан, пренесува АП, но лекарите велат дека ситуацијата е под контрола и дека папата е буден и „добро ориентиран“.
„Прогнозата на папата останува резервирана“, рече Ватикан, цитиран од АП, без да даде предвидувања за негово потенцијалното закрепнување со оглед на „комплексноста на клиничката слика и неопходното чекање за терапии со лекови да дадат одредена повратна информација“.
Според неговите лекари, папата има пневмонија во двете бели дробови, како и бактериски, вирусни и габични инфекции. Неговите лекари му дадоа дополнителен кислород по потреба и го лекуваат со терапија со лекови на која велат дека организмот на Франциск реагира.
Лекарите му препишале и „апсолутен одмор“, а неколку негови јавни настани се откажани. Лекарите рекоа дека примарна закана за здравјето на папата ќе биде сепсата, сериозна состојба која може да произлезе од компликации на пневмонија, иако тој досега не покажал знаци на сепса.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Папата со поддршка за новинарите: Вие ја…
За време на неговата прва аудиенција со…
(Во живо) Лав XIV е првиот папа…
Новиот папа е Роберт Превост од САД,…
Конклавата за избор на нов папа ќе…
Католичките кардинали кои се состанаа во Рим…
Зошто се уништува прстенот на папата по…
Рибарскиот прстен, еден од најпрепознатливите папски симболи,…
(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…
Меланија Трамп мораше да интервенира и да…