Папата му пиша на Зеленски: Треба да се постигне мир
Папата Франциск му напиша писмо на украинскиот претседател Володимир Зеленски во кое ја изрази својата „блискост со својот страдален народ и ја покажа својата подготвеност да стори се’ за да се стави крај на тоа страдање“, кардиналот Матео Зупи, специјалниот претставник на Ватикан за украинското прашање, кој неодамна се врати од Киев, каде имаше средба со Зеленски.
„Треба да постигнеме мир што е можно поскоро, да видиме што е потребно за да го постигнеме. И тоа е поентата на писмото што папата му го напиша на Зеленски – да видиме како можеме да помогнеме, да бидеме со неговиот напатен народ, да покажеме интерес да ставиме крај на таа трагедија“, изјави кардиналот во интервју за „Република“.
„Отидов во Киев да кажам: Ние сме со вас и ќе помогнеме колку што можеме да постигнеме мир“, рече Жупи.
Кардиналот додаде дека има знаци дека во Москва ќе биде примен од претставници на владата и на Руската православна црква.
„За Москва, двата региони во Донбас се дел од Русија, додека Украина се бори за нејзиниот територијален интегритет. И очигледно е дека тоа се спротивставени позиции. Ние сакаме овој спор да се реши, не со оружје, туку со сите тие инструменти тоа не беше доволно за да се избегне конфликтот“, рече папскиот пратеник.
Папата Франциск на 13 мај го прими Зеленски во Ватикан. Бројни медиуми сметаат дека за време на патувањето во Москва, кое се подготвува, Зупи би можел да му ја пренесе папската порака на рускиот претседател Владимир Путин.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ватикан: Папата не бара од Украина да…
Директорот на Канцеларијата за медиуми во Ватикан,…
Зеленски: Континуираната финансиска поддршка од ЕУ ќе…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
Зеленски го повика Западот на обединет фронт…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во Давос…
Зеленски им порача на критичарите „да одат…
Од лидерот беше побарано да одговори на…
Зеленски му пријде на Орбан очи во…
Претседателот на Украина Володимир Зеленски и премиерот…