Папата нема да присуствува на погребот на Кралицата Елизабета
Папата Франциск нема да присуствува на погребот на британската кралица Елизабета Втора што ќе се одржи во понеделник во Вестминстерската опатија во Лондон, соопшти денеска Ватикан.
Папата ќе иде претставуван од министерот за надворешни работи на Ватикан, монс. Пол Галагер, според соопштението за печатот, пренесува AFP. Погребот ќе биде најголемата безедносна операција досега за лондонската полиција, соопшти денеска полицијата
На улиците ќе има стотици луѓе, како и на други важни настани во британската историја, вклучувајќи го и крунисувањето на кралицата Елизабета Втора. Во 1953 година, погребот на поранешниот премиер Винстон Черчил во 1965 година и на принцезата Дијана во 1997 година.
Полицијата ќе распореди до сега најголем број полицајци на улиците на градот, изјави Стјуарт Канди, заменик-помошник началникот на лондонската полиција, нагласувајќи дека тоа ќе иде нивната најголема безбедносна операција до сега.
Ќе се соберат бројни светски лидери и монарси, меѓу кои и американскиот претседател Џо Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон. Полициското обезбедување ќе биде посилно отколку на Олимписките игри во 2012 година и на прославата на платинестиот јубилеј на кралицата.
Можам да потврдам дека тоа ќе иде најголемиот настан за лондонската полиција досега, изјавил Канди.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ватикан: Папата не бара од Украина да…
Директорот на Канцеларијата за медиуми во Ватикан,…
Папата Франциск до верниците: Заземете ја страната…
Папата повика да се направат сите можни…
Можна средба на Папата и рускиот патријарх…
Рускиот патријарх Кирил и папата Франциско најверојатно…
Папата до сопствениците на миленици: Отфрлањето на…
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, ризикуваше…
Во бракот има три клучни зборови според…
Со цел да ги охрабри брачните двојки,…