„Папата“ не коментира за охридската „случајна средба“ со Пецаков и Донев

t

Откако јавноста ја заинтригира објавената фотографија на која поранешниот шеф на државата и премиер, како и лидер на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Бранко Црвенковски, седи на иста маса со актуелниот градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Донев, актуелен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и со Јован Мирчевски – сопственикот на транспортната компанија „Пупе компани“, градоначалникот Пецаков рече дека средбата била случајна.

– Се работи за случајна средба во полн угостителски објект. Ништо друго, изјави Пецаков за „Вечер“.

На обидот да добие коментар од поранешниот претседател Бранко Црвенковски околу фотографиите, со оглед на реакциите во јавноста околу двете средби, „Вечер“ добил одговор од неговиот кабинет дека Црвенковски нема да ја коментира фотографијата.

– Поранешниот претседател Бранко Црвенковски останува на својот став да се воздржува од изјавите за која било тема, вклучително и за оваа – велат од неговиот Кабинет.

Откако му заврши претседателскиот мандат, Црвенковски се повлече од јавниот и политичкиот живот. Неговото име последен пат се споменуваше пред две години, кога беше доведуван во врска со тогаш новото Движење Знам – За наша Македонија на Максим Димитриевски.

Извор: Слободен Печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Папата“ не коментира за охридската „случајна средба“…

Откако јавноста ја заинтригира објавената фотографија на…

Топовски удар и фитил: Скопјанка чистејки ја…

Вчера во 11:41 часот во СВР Скопје,…

Ристоска реагира на притисок и заплашувања од…

Како притисок и заплашување од лице за…

Мицкоски од Сарај: Повика да се гласа…

Мицкоски испрати порака за масовно излегување на…

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе…

Воведуваме нова субвенција за секој граѓанин кој…