Папата се помоли за “мир аа измачената Украина” и повика на прекин на огнот
Папата Франциск денеска ги повика светските лидери „да го слушнат плачот на народот за мир“ на овој „воен Велигден“.
– Видовме премногу крв, премногу насилство, рече папата за време на традиционалната порака Urbi Et Orbi, молејќи се за „мир за измачената Украина“.
– Многу од нашите браќа и сестри мораа да се затворат за да се одбранат од бомбите, рече римокатоличкиот поглавар пред околу 50.000 верници на плоштадот Свети Петар во Рим.
Папата Франциск се помоли за слободен пристап до светите места во Ерусалим, каде во последните денови беа повредени десетици луѓе.
Како упатување на заканата од нуклеарна војна, Франциск цитираше научник кој во 1995 година прашал: „Дали ќе ставиме крај на човечкиот род или човештвото ќе се откаже од војната?“
– Конфликтот во Европа нека направи да бидеме повеќе загрижени за други ситуации, конфликти, страдања … ситуации кои не можеме да ги занемариме и кои не сакаме да ги заборавиме … Израелците, Палестинците и сите жители на Светиот град, заедно со аџиите, нека ја искусат убавината на мирот, да живеат во братство и слободно да пристапуваат до светите места, почитувајќи ги правата меѓусебно, рече понтифот.
Папата се молеше за „мир за Блискиот исток, растргнат од годините поделби и конфликти“, како и за Мјанмар, Авганистан и целиот континент Африка.
Папата, кој првпат од 2019 година за Велигден говореше пред насобраните верници, рече и дека „двете години од пандемијата оставија тешки последици“.
Поглаварот на Римокатоличката црква по повод Велигден според Грегоријанскиот календар изјави дека „општествата денес се деградирани од себичноста и индивидуализмот“.
По мисата, папата Франциск ги поздрави верниците од „папскиот автомобил“. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавров: Русија не се задоволува со примирје…
Русија нема да прифати само воспоставување примирје…
Украина најде одговор за рускиот Орешник?
Британскиот весник „Економист“ на 23 декември 2024…
Албанија ќе обучува украински војници
Албанската влада донесе одлуката за учество на…
Трамп номинираше противник на воената помош за…
Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Мајкл…
Орбан: Мирот во Украина е „на дофат“,…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…