Папата Франциск: Да се прекинат нападите врз цивили во светските конфликти
Папата Франциск денеска повика да се прекинат нападите врз цивили во светските конфликти, вклучително и конфликтите во Газа и Украина, и посочи дека нападите врз цивили се воени злосторства.
„Современите војни веќе не се водат само на боиштата, ниту се однесуваат само на војниците. Не смееме да заборавиме дека сериозните прекршувања на меѓународното хуманитарно право се воени злосторства и дека не е доволно да се идентификуваат, туку е неопходно и да се спречат“, изјави поглаварот на Римокатоличката црква за време на новогодишната аудиенција на членовите на дипломатскиот кор акредитиран во Светата столица.
Папата рече дека настаните во Украина и Газа се јасен доказ за сериозно кршење на меѓународното хуманитарно право.
„Дури и кога станува збор за остварување на правото на самоодбрана, неопходно е да се придржуваме до пропорционална употреба на сила“, рече папата Франциск.
Тој го повтори својот повик за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците кои ги држеше палестинската милитантна група Хамас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Папата со поддршка за новинарите: Вие ја…
За време на неговата прва аудиенција со…
(Во живо) Лав XIV е првиот папа…
Новиот папа е Роберт Превост од САД,…
Конклавата за избор на нов папа ќе…
Католичките кардинали кои се состанаа во Рим…
Зошто се уништува прстенот на папата по…
Рибарскиот прстен, еден од најпрепознатливите папски симболи,…
(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…
Меланија Трамп мораше да интервенира и да…