Објавено на:

Папата Франциск на најдолго патување надвор од Ватикан – пристигна во Индонезија

t

Папата Франциск пристигна во Индонезија, првата станица од неговото најдолго патување надвор од Ватикан, при што во следните 12 дена ќе посети четири земји во Југоисточна Азија и Океанија, јавуваат агенциите.

87-годишниот поглавар на Римокатоличката црква пристигна во Џакарта по повеќе од 13 часа патување од Рим со специјален лет на италијанската компанија ITA Airways.

Со повеќе од 240 милиони муслимани, Индонезија е најнаселената муслиманска земја во светот, а по Џакарта следуваат посети на Папуа Нова Гвинеја, Источен Тимор и Сингапур, а од четирите земји што ќе ги посети папата, само во Источен Тимор мнозинството од населението се идентификува како католици.

45-тото патување на папата во странство за време на неговиот 11-годишен понтификат ќе биде особено посветено на афирмацијата на мирниот соживот меѓу различните религии, објави претходно Ватикан.

На оваа турнеја папата Франциско ќе помине вкупно повеќе од 30.000 километри со авион, а се очекува да се врати во Рим на 13 септември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Папата повика на укинување на смртната казна

Папата Франциск повика на нови меѓународни договори…

Папата вели дека Католичката црква „цврсто и…

Папата Франциск се најде под притисок на…

Папата Франциск на најдолго патување надвор од…

Папата Франциск пристигна во Индонезија, првата станица…

Силен земјотрес во Индонезија!

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според…

Питон од пет метри проголтал жена

Питон долг пет метри проголтал жена во…