Објавено на:

Папата ја заврши велигденската миса со „Христос воскресна“ на украински

t

Папата Франциск на велигденската миса на која присуствуваше, но не ја предводеше, веројатно поради болки во нозете кои ги намалија неговите активности, ја осуди „бруталноста на војната во Украина“.

На мисата присуствуваше Иван Федоров, градоначалникот на Мелитопол, кој беше уапсен од руските сили минатиот месец, а подоцна ослободен во размена на затвореници.

Италијанскиот кардинал Џовани Батиста Ре го замени Папата за време на богослужбата, во чии рамки се одржа поворка во централниот кораб на базиликата „Свети Петар“ во речиси целосен мрак.

Папата седеше под главниот цибориум на базиликата, но стоеше додека се читаше евангелието.

Како што пренесуваат агенциите, Светиот Отец го измени претходно подготвениот текст за да укаже на присуството на Федоров, неговото семејство и тројца украински парламентарци кои седеа во првиот ред. Тој зборуваше за „мракот на војната и суровоста“.

„Сите се молиме за вас и со вас. Се молиме затоа што има толку многу страдања. Можеме само да ви го дадеме нашето друштво, нашите молитви и да ви кажеме: „бидете храбри, ние сме со вас“, рече папата Франциск.

Тој заврши со зборовите „Христос воскресна“ на украински.

Денеска на Велигден, најважниот ден во христијанскиот литургиски календар, по двегодишна пауза поради пандемијата, Папата треба да служи миса на плоштадот „Свети Петар“, а потоа да ја пренесе својата порака и благослов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ватикан: Папата не бара од Украина да…

Директорот на Канцеларијата за медиуми во Ватикан,…

Папата Франциск до верниците: Заземете ја страната…

Папата повика да се направат сите можни…

Папата ја заврши велигденската миса со „Христос…

Папата Франциск на велигденската миса на која…

Можна средба на Папата и рускиот патријарх…

Рускиот патријарх Кирил и папата Франциско најверојатно…

Папата до сопствениците на миленици: Отфрлањето на…

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, ризикуваше…