Папата ја осуди ескалацијата на насилството во Либан и побара интервенција од меѓународната заедница
Папата Франциск денеска ја осуди ескалацијата на насилството во Либан и апелираше до меѓународната заедница да направи се што е во нејзина моќ за да се стави крај на тоа.
Поглаварот на Римокатоличката црква изрази жалење за ситуацијата во Либан, каде во последните денови бомбашките напади предизвикаа разорни уништувања.
-Се надевам дека меѓународната заедница ќе ги вложи сите можни напори да стави крај на оваа страшна ескалација, рече папата.
Од понеделникот израелските воздушни напади се насочени кон упоришта на проиранското исламистичко движење Хезболах на југот и на истокот на Либан, како и во јужните предградија на Бејрут.
Во овие напади досега загинаа повеќе од 550 лица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…
МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…
Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…
Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…
Собранието на предлог на Владата, усвои нов…
Сенатот го усвои крипто-законот кој е поддржан…
Сенатот на САД го усвои Законот за…
Димитров: Преспанскиот договор беше злоупотребен во политичкиот…
„Ми беше јасно дека Преспанскиот договор беше…