Папа Франциск: Благословување на хомосексуалните партнерства не е исто што и признавањe
Папата Франциск денеска застана во одбрана на неговото одобрување за хомосексуалните партнерства да бидат благословени, но јасно стави до знаење дека потегот не значи признавање на хомосексуалните бракови.
Неговата одлука предизвика жестока дебата во Католичката црква, при што многу традиционалисти ја гледаат хомосексуалноста како грев, потсетува ДПА.
„Кога двојка доаѓа спонтано да побара благослов, не е благословена заедницата, туку едноставно луѓето кои го побарале тоа заедно“, рече папата за време на денешната аудиенција во Ватикан.
Кон крајот на минатата година, понтифот ги овласти католичките свештеници да го дадат својот благослов на „двојки во неправилни ситуации и истополови двојки“ под строги услови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Папата со поддршка за новинарите: Вие ја…
За време на неговата прва аудиенција со…
(Во живо) Лав XIV е првиот папа…
Новиот папа е Роберт Превост од САД,…
Конклавата за избор на нов папа ќе…
Католичките кардинали кои се состанаа во Рим…
Зошто се уништува прстенот на папата по…
Рибарскиот прстен, еден од најпрепознатливите папски симболи,…
(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…
Меланија Трамп мораше да интервенира и да…