Паравоени сили на косовска територија: Русија преку Србија сака да го дестабилизира Косово, тврди Османи

t

Претседателката на Косово, Вјоса Османи изјави дека Русија се обидува да го дестабилизира Косово преку Србија, поради што Москва и нејзините претставници треба да се соочат со единствен одговор за да спречат дополнителни провокации, објави РТК.

Османи рече дека Русија преку методите користени во Украина во 2014 година се обидува истото да го направи и на Балканот.

„Тие внесуваат паравоени сили облечени како цивили на нашата територија преку нелегални патишта, а потоа испраќаат оружје и неозначени зелени униформи за да не изгледа како традиционален воен напад. Но, всушност тие подготвуваат многу хибридни напади, што е мешавина од она што овие паравоени сили го прават на северот на Косово“, рече Османи.

Таа го обвини рускиот претседател Владимир Путин за преместување на конфликтот во Косово и други земји како Молдавија и Грузија.

Османи ги повика западните лидери да не ги игнорираат нејзините предупредувања, исто како што Западот ги отфрли стравувањата од Полска и балтичките земји дека Русија планира инвазија на Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…

Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…

Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…

Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…

В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…

В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…

Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…

Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…