Параинституции и паравлада: Влен ги собра своите министри и функционери на координација
На работен состанок, Коалицијата ВЛЕН вчера попладне ги собра сите лидери, министри, заменик-министри, директори и заменик-директори кои ја сочинуваат извршната власт на Република Македонија.
На средбата се дискутираше за инвестицијата од 34,5 милиони евра за ,,Универзитетот Мајка Тереза” во Скопје, што претставува важен чекор за подобрување на образовниот систем и зголемување на можностите за нашите студенти.
Ова е доказ за посветеноста на ВЛЕН за развојот на образованието и создавањето на подобри услови за младите. Повторно потврдуваме дека нашите завети кон граѓаните се: ефикасност, транспарентност и жестока борба против корупцијата.
Овие принципи ќе бидат основата на секое наше дејствување во Владата и ќе бидат наши водечки светилници. Посебно се залагаме за европскиот пат на државата и ќе работиме на поскорешно членство во Европската унија.
Визијата за интеграција во Европската унија е клучна за нашата иднина и развој, и ние сме посветени на спроведување на реформи кои ќе ја унапредат нашата позиција во регионот и пошироко.
Албанското знаме се најде на централна позицијкако на таканаречените координации со првиот вицепиремиер на министрите од коалицијата Вреди.

Се поставува прашањето дали Република Македонија има две паралелни Влади, односно дали ние впрочем живееме во две различни држави една со главен град во Скопје и друга како што велеше градоначалникот на Тетово, Биљал Касами со главен град на албанците во Тетово. Дали на едната држава премиер е Христијан Мицкоски, а на другата премиер е Изет Меџити.
Имено на ВМРО-ДПМНЕ и лично на премиерот Христијан Мицкоски устата им беше полна во предизборието со обвинувања дека СДСМ е помалиот партнер во Владата на ДУИ, дека во Република Македонија се случува процес на мајоризација на Македонците и дека ДУИ не ги почитува државните симболи и законот.
Дополнително Мицкоски ја плашеше македонската јавност дека Македонија има два премиера едниот во Мала Речица одговорен за случувањата во Западна Македонија, а дугиот во Скопје одговорен за останатиот дел од државата.
Сепак денес нема никаква реакција од Мицкоски за паралелната Влада и за параинституционалниот пристап на Изет Меџити и коалицијата Влен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Haпаднат пoлицаец на протестите во Белград:Стравични…
Откако групата блокатори по вечервашниот ненајавен протест…
Овој дел од лубеницата е корисен за…
Фрлањето на белиот дел од лубеницата, велат…
(Видео)Парада на гордоста во Будимпешта: Десетици илјади…
Оваа година се одбележува 30-годишнината, а поради…
Реки студенти и граѓани во Белград, „Славија“…
Протестот „Се гледаме на Видовден“, кој го…
iPhone 17 Air ќе има батерија од…
Веќе подолго време се знае дека iPhone…