Париз и Лондон „за“, а Вашингтон и Берлин „против“ употреба на ракети со долг дострел за Украина

t

Колкави се стравувањата од ескалација на руско-украинскиот судир низ цела Европа доколку официјален Вашингтон му дозволи на Киев да употреби ракети со долг дострел за да нападне длабоко во руската територија.

Овие дилеми се актуелни во светската јавност по одлуката на Велика Британија да му дозволи на Киев да ги користи ракетите „Шадоу Сторм“ за цели во Русија, но и воздржаноста од друга страна на Вашингтон од испорака на ваков тип на ракети за украинските сили.

Имено, додека се очекува Вашингтон дали ќе одлучи да даде зелено за испорака на ваков тип оружје по денешната средба во Киев на американскиот државен секретар Ентони Блинкен и британскиот министер за надворешни работи Дејвид Леми, претседателот на САД Џо Бајден сè уште се двоуми по ова прашање. Како што пренесуваат медиумите претседателот Бајден изминатиот период се „се консултирал со сојузниците“ и сè уште нема договор по ова прашање меѓу Белата куќа и Пентагон.

Во меѓувреме американскиот секретар за одбрана Остин неодамна рече дека неговиот оддел не поддржува таква идеја. Слично како Остин размислува и заменик-секретарот за печат на Пентагон Синг кој изјави дека „нема смисла да се дозволи Киев да истрела проектили со долг дострел кон Русија“.

Но, американскиот државен секретар Антони Блинкен внесе конфузија овде, наведува Комсомолска Правда, а пренесува српска „Политика“. Како што наведува медиумот тој претпоставува дека ова прашање ќе се реши позитивно.

– Како што велат, на овие достоинствени Американци не може да им се верува. Некои велат едно, некои друго. Она што е кажано наутро е контрадикторно вечерта. Но, се чини дека Вашингтон сè уште блефира. И како што се случи неколку пати до сега, кога САД зборуваа за претстојната испорака на одредено оружје од Киев во Украина, а тоа веќе беше на територијата на Украина – наведува медиумот.

Со слични размислувања како американскиот претседател Џо Бајден е и германскиот канцелар Олаф Шолц кој јасно се противи на ракетните напади со долг дострел врз Руската Федерација. Реномираниот „Фајненшл тајмс“ потсетува дека сојузниците ја имале истата загриженост кога доставувале оружје со висока прецизност, како што се најмодерните тенкови и авионите „Ф-16“, но „заканите против Москва секогаш завршувале без соодветна или прекумерна одмазда“.

Од друга страна за разлика од Берлин и Вашингтон, Франција отворено подолг период се залага за дозвола на употреба на ракети со долг дострел во руска територија.

Москва со остри закани кон Западот како никогаш досега
Но, што ќе се случи доколку украинските вооружени сили наскоро почнат да истрелуваат проектили со долг дострел кон Русија, анализира порталот „Геополитика“ на истава тема.

Се разбира, Кремљ, Министерството за надворешни работи и Министерството за одбрана на Руската Федерација неизбежно ќе се спротивстават на новите испораки на понапредни американски ракети за Украина. И ќе предупредат за последиците од ваквата постапка. Приближните опции се веќе наведени, потсетуба медиумот и наведуа дека, покрај ова, има и други можности сериозно да се нагази на „болниот нерв“ на САД.

Една од опциите е снабдување на Хутите со крајбрежни ракетни системи „Бастион“ или „Бал“, за да можат да ги „пробијат“ американските бродови вклучувајќи и носачи на авиони на 500-800 километри пред јеменскиот брег.

Другите опции како што пишуваат медиумите се и конечно отворено барање од Куба или Венецуела до Москва да ги лансираат руските ракети кои можат да стигнат до САД. Ваквите „руски бајонети“ насочени кон американскиот стомак сигурно ќе предизвикаат „непријатност“, пишува медиумот.

Дополнително портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за новинарите дека се чини дека Вашингтон веќе одлучил да и дозволи на Украина да користи оружје за далечни напади во Русија.

Тој посочи дека Вашингтон на неколку пати претходно се двоумеше да и достави на Украина вакво оружје со долг дострел за напад на цели во Русија, плашејќи се дека таквиот потег би можел да го ескалира конфликтот долг две и пол години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филков: Максим Димитриевски кандидат во Куманово, ЗНАМ…

Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор…

Нема веќе “Никогаш Северна”: Седум години од…

На денешен ден, 17 јуни, пред точно…

СТАНАРИ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ БАРААТ ПОМОШ ОД…

Две години жителите во зграда на булевар…

Дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денес ќе се…

Денес на дневен ред на Постојаната анкетна…

Koчоска: Цените не се многу високи, горивата…

Горивата се берзански производ на кој не…