Паркирал кој каде ќе стигне: Санкционирани 183 непрописно паркирани возила во Центар!
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје санкционирале 183 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Како што информираат од ЈП ПОЦ, во периодот од 24-ти до 30 октомври со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 94 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 89 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.
од ЈП ПОЦ и од Општина Центар велат дека за трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, и најавуваат дека во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во општината со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Пајакот“ отстрани 96 непрописно паркирани возила во…
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина…
СРАМОТА! Хаос со паркирање на Клинички, брза…
Хаосот со паркирање на Клиничкиот центар „Мајка…
Урнебесно – Само во Бугарија: Жена паркираше…
Постара жена го „слетала“ автомобилот на друг…
Паркирал кој каде ќе стигне: Санкционирани 183…
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина…