Парламентот на Црна Гора усвои Резолуција за геноцид во Јасеновац, Дахау и Матхаузен
Парламентот на Црна Гора ја усвои Резолуцијата за геноцид во логорите на системот Јасеновац, Дахау и Матхаузен.
За усвојување на резолуцијата гласаа 41 пратеник, еден против. Немаше неопределени..
Како предлагач, шефот на парламентот Андрија Мандиќ рече дека со гордост може да каже дека Црна Гора е првата земја на планетата која така се однесувала кон Јасеновац.
Предложената резолуција ја потпишаа 43 пратеници од парламентарното мнозинство. Претходно денеска пратениците со 42 гласа „за“ го усвоија предлогот, па Собранието прифати да расправа за Резолуцијата за геноцидот во Јасеновац.
Одржана вонредна седница на Колегиумот на претседателот на Собранието. Исто така, предлогот на Резолуцијата за геноцидот во Јасеновац беше усвоен од Комитетот за човекови права и слободи со седум гласа „за“.
Оваа резолуција доаѓа како одговор од српските партии во Црна Гора кои учествуваат во власта, а кои искажаа незадоволство од гласањето на Резолуцијата за Сребреница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…