Парови се разведуваат но продолжуваат да живеат заедно бидејќи киријата е скапа

t

Становите во Мадрид се се поскапи и се помалку луѓе можат да си дозволат да живеат сами, па поради таа причина голем дел од оние кои се разведуваат се принудени да живеат заедно.

Мадридскиот весник „Ел Паис“ пишува дека неможноста сами да ја платат наемнината принудува многу луѓе да продолжат да живеат со своите поранешни партнери.

Адвокатот Алберто Гарсија Себријан наведува дека 30 отсто од двојките кои одлучуваат да се разведат не го завршуваат разводот, бидејќи не можат да си ги дозволат трошоците за одвоен живот и додава дека претходно тоа било случај со само 10 отсто од тие лица.

Тоа е една од причините зошто во третиот квартал од 2022 година имало за 3,1 отсто помалку барања за развод отколку во истиот период од 2021 година, наведува весникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Парови се разведуваат но продолжуваат да живеат…

Становите во Мадрид се се поскапи и…

(Видео) 200.000 демонстранти маршираа во Мадрид!

Најмалку 200.000 луѓе денеска маршираа во центарот…

Психопати насекаде: Жена претепала седуммесечно бебе во…

Седуммесечно девојче се бори за живот откако…

521 развод за три месеци, во Македонија…

Според податоците на Државниот завод за статистика,…

Петровска од Мадрид: Безбедноста на регионот е…

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во…