Партизан е чудо: Пантер со тројка го замолкна големиот Реал Мадрид
Чудесен е белградски Партизан, откако неверојатниот Кевин Пантер со тројка на четири десетинки пред крајот им донесе брејк на црно-белите во четвртфиналната пресметка со Реал Мадрид за конечни 89-87 во првиот меч од плејофот за пласман на фајнлфорот во кошаркарската Евролига.
Реал Мадрид имаше најголеми плус седум нешто повеќе од половина во четвртиот период (77-70), но Партизан херојски успеа да се врати, благодарение на Пантер кој во кам-бекот првпат Партизан го врати во водство со тројка и дополнително слободно фрлање, а во трилер-завршницата откако Партизан поведе, па Реал Мадрид ја врати предноста на поен, на 21 секунда пред крајот, Пантер во последниот напад погоди тројка преку Јабуселе за огромен триумф на белграѓани.
Четата на Жељко Обрадовиќ повторно изгина на паркетот против фаворизираниот актуелен европски вицепрвак, па уште во првиот дел најави дека се дојдени по нов чудесен успех. Првпат после 2010 година Партизан игра доигрување за фајнлфорот и веќе на првиот меч го направија првиот голем чекор кон завршницата.
Пантер мечот го заврши со 26 поени, а Ледеј даде 13, додека кај Реал најефикасен беше Дек со 24 поени, а Јабуселе додаде 14.
Брејк направи и Макаби тел Авив со победата на гости кај Монако со 79-67.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Би-би-си“: Новата шефица на МИ6 е внука…
МИ6 денес се обиде да ја дистанцира…
Физички напад меѓу вработени во Комплексот клиники…
Нова драма се случи во рамки на…
Трамп повторно би го бомбардирал Иран ако…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави…
Турчин приведен во моментот кога сакал да…
На 26.06.2025 во 17:40 часот на Граничниот…
По пожарот во Делчево: Малолетничка побарала помош…
Денеска (27.06.2025) во 00:19 часот во ОВР…